Претставничкиот дом на САД под контрола на демократите усвои закон со кој се регулира правото на абортус на федерално ниво, бидејќи голем број републикански држави ги заострија законите за абортус, а Тексас го забрани речиси целосно. Според Ројтерс, законот најверојатно нема да помине во Сенатот.
Претставничкиот дом го донесе Законот за здравствена заштита на жените со 218 гласови „за“ и 211 „против“. Пратениците гласаа по партиска линија, така што само еден демократ беше против законот.
Демократскиот предлог ќе дозволи абортус и ќе спречи многу од ограничувањата што Републиканците ги воведоа за повеќе држави, како што се задолжителни ултразвучни скенирања и други тестови.
Се очекува законот да падне во Сенатот, во кој има 50 републикански и 50 демократски пратеници. Демократскиот предлог треба да го поддржат најмалку 10 републиканци.
Републиканската сенаторка Сузан Колинс, која го поддржува правото на абортус, рече дека ќе гласа против предлогот. Но, гласањето е можност за републиканците да ја покажат својата посветеност на нивната политика пред изборите за Конгресот во 2022 година. Тие избори ќе одредат кој ќе го контролира Конгресот во втората половина од мандатот на Бајден.
„Време е да им веруваме на жените, да ги почитуваме нивните одлуки“, рече демократската пратеничка Роза Де Лауро во дебатата.