Поради Меси му се заканија со отказ на Покетино иако беше во право, повредата ги загрижи челниците на ПСЖ

1 min read

Дерби пресметката помеѓу ПСЖ и Олимпик Лион минатиот викенд беше во центарот на вниманието на јавноста поради еден момент, во 76. минута, тренерот Маурицио Покетино го извади од игра Лионел Меси и на негово место го внесе Ашраф Хакими.
Меси беше револтиран од овој потег на тренерот и одби да се поздрави со него.

Со тој потег Покетино го навлече гневнот на навивачите, а братот на сопственикот на ПСЖ дури му се закани и со отказ, но на крајот испадна дека Покетино бил во право.

Меси го пропушти натпреварот против Мец поради повреда, а сега пристигна нова потврда, Аргентинецот нема да игра ниту против Монпелје поради проблеми со левото колено со што ги загрижи сите во клубот.

Во ПСЖ не се загрижени за натпреварот со Монпелје, туку за дуелот кој се игра наредниот вторник во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

„Меси повторно почна да трча и да ја следи програмата за опоравување. Новите прегледи ќе бидат извршени во недела. Натпреварот со Монпелје ќе го пропушти и Марко Верати, додека Серхио Рамос е се поблуску до дебито за нашиот тим“, стои во соопштението на ПСЖ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80

Следно

ФОТО | Линда Евангелиста деформирана: Последица од козметички третман

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian