Отомикроскопија како дијагностичка метода

4 mins read

Не секоја институција е подготвена да ја понуди оваа опција во склоп на дијагностичките процедури, но за среќа таа е достапна во клиничката болница „Жан Митрев“ и ја изведува прим. д-р Борислав Гогушевски.

Отомикроскопијата претставува златен стандард во дијагностиката на промените во надворешниот ушен канал и ушното тапанче, а преку него индиректно и проценка на промените во средното уво. Особена важност има во детската возраст бидејќи во услови на ограничена визуелизација го зголемува повеќекратно видното поле и на тој начин овозможува многу подобра проценка во однос на класичната отоскопија.

Дијагностичката метода која најчесто се користи при преглед на надворешниот ушен канал и ушното тапанче е класичната отоскопија. Притоа се користи инструмент во форма на инка, т.н. ушен спекулум, кој треба да биде адаптиран на големината на надворешниот ушен канал кај пациентот. Користејќи челно осветлување што се уфрлува во ушниот канал, се набљудуваат промените во надворешниот ушен канал и на тапанчето. Преку овие промени, особено промените на тапанчето, можеме индиректно да ги процениме состојбата и промените во средното уво. Меѓутоа, особено кај помалите деца, имајќи ја предвид големината на надворешниот ушен канал и просторот што можеме да го визуелизираме, секако дека е ограничена можноста за попрецизна проценка на локалниот наод.

Затоа многу посоодветна метода која може да се примени во секојдневната оториноларинголошка практика е и отомикроскопијата/или отомикроскопскиот преглед. Не секоја институција е подготвена да ја понуди оваа опција во склоп на дијагностичките процедури, но за среќа таа е достапна во клиничката болница „Жан Митрев“ и ја изведува прим. д-р Борислав Гогушевски.

Во што се разликува отомикроскопијата во однос на класичната отоскопија?

При изведувањето на отомикроскопскиот преглед/или отомикроскопија се користи микроскоп којшто има соодветно зголемување, кое зависи од техничките карактеристики на самиот микроскоп. На тој начин се добива повеќекратно зголемување на видното поле низ ушниот спекулум што овозможува да се утврдат и оние посуптилни  промени кои не се впечатливи при обичниот отоскопски преглед.

Кои се предностите на отомикроскопијата во однос на класичната отоскопија?

Повеќекратното зголемување на видното поле при користењето на отомикроскопот, овозможува многу попрецизно дефинирање на сите детали во овој сегмент и нуди можност за многу попрецизна дијагностика.

Секако дека и при класичната отоскопија, но особено при отомикроскопијата постои можност и за помали интервенции во надворешниот ушен канал во смисла на тоалета, чистење на ушниот канал, најчесто од насобрана ушна маст или церумен, секрет, потоа изведување помали интервенции какви што се отстранување некои мали промени/гранулации, полипи, постоперативна тоалета, евентуално парацентеза односно отворање на средното уво преку мал отвор на тапанчето во одредени случаи на акутни или сериозни воспаленија. Но за разлика од класичната отоскопија, при отомикроскопскиот преглед значително подобрата визуелизација и поголемо видно поле нудат можности за многу поголема прецизност при самите интервенции во простор што е екстремно мал.

Отомикроскопијата има особена важност има кај децата бидејќи кај нив е многу помал надворешниот ушен канал, при прегледот се користи помал ушен спекулум, а тогаш е ограничено и видното поле. Тука особено доаѓа до израз предноста на отомикроскопијата и како дијагностичка метода или при изведувањето на одредени интервенции.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје, информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српски политичар изврши самоубиство: Си пресудил пред децата

Следно

Откриен случај на перење пари во општина Петровец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian