Остануваат уште шест дена од Пописот, досега попишани вкупно 1 383 434 лица

1 min read

Вкупно 1 383 434 лица, 431 573 домаќинства и 595 754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195 477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според анкетите популарноста на Макрон е во пораст во пресрет на претседателските избори

Следно

Капитенот Пике контра Куман: Не играм во Барселона за да се борам за третото место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian