Џонсон му понуди соработка на Макрон

2 mins read

Британскиот премиер Борис Џонсон му предложи на Емануел Макрон „продолжување на соработката меѓу Франција и Велика Британија“, по дипломатската криза поради договорот со подморниците, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу двајцата лидери, пренесува Би-Би-Си.  

Во телефонскиот разговор, што се случи во утрово „на барање на Лондон“, Џонсон „изрази подготвеност за повторно воспоставување соработка меѓу Франција и Велика Британија, во согласност со нашите вредности и заедничките интереси“, се наведува во кратката изјава од Кабинетот на францускиот претседател.  

„Претседателот му даде до знаење на Џонсон дека ги очекува неговите предлози“, се додава од кабинетот на Макрон.  

Макрон разговараше со Бајден пред два дена  

Разговорот на Макрон и Џонсон се одржа два дена по разговорите меѓу Макрон и Џо Бајден, со што се намалија тензиите меѓу Париз и Вашингтон.  

Макрон одлучи следната недела да го врати францускиот амбасадор во САД, но допрва треба да донесе одлука за враќање на францускиот амбасадор во Австралија, кој исто така беше повлечен во Париз.  

Повлекувањето на францускиот амбасадор од Лондон се сметаше за непотребна, бидејќи, како што рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, „Велика Британија во овој случај е како деветтата дупка во цевката“.  

„Постојаниот британски опортунизам е позната работа“, рече францускиот министер на 19-ти септември.  

Париз, објавувајќи дека е незадоволен, исто така ја откажа средбата меѓу француската министерка за одбрана Флоренс Парли и нејзиниот британски колега Бен Валас, што беше планирана за оваа недела.  

Борис Џонсон во средата рече дека безбедносниот пакт Аукус склучен меѓу САД, Австралија и Обединетото Кралство не е „ексклузивен“ и не сака да „исклучи никого“.  

Франко-британските билатерални врски беа подобрени во последниве месеци поради спроведувањето на Брегзит во контролата на мигрантите кои сакаат да влезат во Англија од францускиот северен брег, што Лондон го смета за слаба точка. 

Историски договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија: Воен пакт за скротување на растечката моќ на Кина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Посебен сообраќаен режим утре во центарот на Скопје

Следно

МЗ: Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian