Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски дипломираше на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси

1 min read

Таеквондистот Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио кои се одржаа минатиот месец го оствари најголемиот успех од осамостојувањето на Македонија и го освои сребрениот медал, дипломираше на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Георгиевски дипломираше на темата „Менаџирање на човечките ресурси во спортските организации”. Темата која тој ја презентираше претставува синтеза од менаџмент на човечки ресурси и актуелните состојби во спортските организации со посебен осврт на олимписките спортски организации.

По завршување на одбраната на дипломскиот труд, олимпискиот носител на среберениот медал, се стекна со звање: Дипломиран менаџер на човечки ресурси.

.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карелсон: Естонија може да помогне за евроинтеграцијата на С. Македонија со споделување на своето искуство

Следно

СИПА го претресе седиштето на граничната полиција на БиХ, три лица се уапсени за злоупотреба на службената пололжба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian