Новинар на Си-Ен-Ен обвинет за сексуално злоупотребување на неговата уредничка

3 mins read

Поранешната уредничка на Еј-Би-Си, Шели Рос, го обвини новинарот на Си -Ен -Ен, Крис Куомо, дека сексуално ја злоупотребил на деловна забава во 2005-та година. Таа тврди дека Куомо ја фатил за задникот пред нејзиниот сопруг и останатите колеги.  

Шели Рос детално го опиша инцидентот во текстот што го објави денеска во Њујорк Тајмс. 

Таа пишува како Куомо потоа и се извинил и дека се срамел од неговото однесување, а се обидел да и објасни дека неговите постапки се разликуваат од она за што тогаш бил обвинет актерот Кристијан Слејтер, кој бил уапсен еден месец претходно за сексуална злоупотреба на жена во Њујорк.

„Тој ме пречека со прегратка и го фати мојот задник“ 

Рос во тоа време работела како продуцент  на забавната програма „Прајмтајм Лајв“ на Еј-Би-Си, каде Куомо бил водител. 

„Бевме на забава со мојот сопруг, кој седеше зад мене додека разговарав со пријателите од работа. Кога г-дин Куомо влезе во барот, тој тргна накај нас и ме пречека со силна прегратка, а со едната рака цврсто го фати мојот задник “, пишува Рос.

„Можам да го направам ова сега кога веќе не си ми шеф“, ми кажа арогантно. „Не, не можеш“, реков и го турнав од мене, а сето тоа го виде мојот сопруг кој седеше зад мене. Потоа веднаш си отидовме“, напиша Рос.

Куомо: Се срамам кога ќе размислам за тоа
 

На 1 јуни 2005-та година, Куомо и испратил порака со натпис: „Сега кога размислувам за тоа, се срамам“.

“Пренесете му ги моите извинувања на вашиот многу добар и благороден сопруг. Јас ви се извинувам што ве ставив во таква позиција”.

„Нашата интеракција не беше сексуална по природа“
 

Рос во текстот се прашува дали Куомо воопшто се засрамил од своите постапки или се извинил само поради тоа што сведочел нејзиниот сопруг. Таа тврди дека Куомо се обидел „законски да го разликува“ своето однесување од однесувањето на Слејтер.

Откако беше објавен текстот, Куомо проговори 

“Како што тврди Шели, нашата интеракција не беше сексуална по природа. Тоа се случи пред 16 години во јавен амбиент, во време кога таа беше уредник во Еј-Би-Си. Тогаш и се извинив и навистина го мислев тоа”, напиша Куомо. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Линда Евангелиста деформирана: Последица од козметички третман

Следно

ВИДЕО: Во седиштето на здружението О.Г.А.Н., кое објавува анкети со предност на ВМРО-ДПМНЕ, се сушат пиперки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian