Новершка ги укинува сите мерки, се враќа сѐ како порано

1 min read

Норвешка ќе ги укине сите ограничувачки мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот”, рече премиерката Ерна Солберг.

Мерките ќе бидат укинати во 16 часот, додаде таа.

Напуштањето на физичките мерки за дистанца ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе продолжат да работат како и досега.

„Накратко, можеме да живееме како порано“, рече Солберг.

Вакцинираа голем дел од населението

Најмалку една доза од вакцината „Ковид-19“ беше дадена на 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти беа целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

Во близина, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември, и оттогаш бројот на заразените во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели, имаше 557, а во четвртокот 341.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бислимовски: Граѓаните да бидат спокојни за претстојната грејна сезона

Следно

Д-р Јовановска: Препорачливо е бремените жени да се вакцинираат во четвртиот месец од бременоста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian