МЗ: Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80

1 min read

Министерството за здравство соопшти дека ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Во период од 6 август до 23 септември на територија на државата 32.818 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19, од кои 22 отсто биле целосно вакцинирани, односно 7248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78 отсто граѓани, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6 август до 23 септември, како што се наведува во анализата, починале 1033 лица со Ковид-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14 отсто примиле вакцина.

– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна” и „Џонсон”. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, посочуваат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон му понуди соработка на Макрон

Следно

Поради Меси му се заканија со отказ на Покетино иако беше во право, повредата ги загрижи челниците на ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian