Мицкоски: На диво е направена модуларната болница, на диво е пуштена во употреба и 14 луѓе живи гореа

4 mins read

Ако власта има сериозна намера и ако вистински сака, анкетна комисија во Собранито може и треба да се свика веднаш, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки.

Тој е подготвен, како што рече денеска, да поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна“, а поради тоа, ако треба, и да претрпи политичка штета, само за да се дознае и утврди вистината за несреќата во Тетово. Вистината мора да се знае, потенцира Мицкоски, и виновниците мора да се казнат.

Мицкоски уште еднаш обвини дека власта го смени Законот за градба и дозволи модуларната болница во Тетово да се постави „на диво”. Не се потребни меѓународни истраги, оцени, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму”, зашто работата е едноставна. Постапката е управна, рече, а процедурата промашена.

– Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност. Ова се локални, а не парламентарни избори. Нема законска необврска да се закаже комисијата. Сосема друго е тоа што спикерот Џафери рече дека веќе нема да закажува седници. Тоа значи дека тој така одлучил, а така одлучил зашто мисли дека на тој начин ќе заштити дел од рејтингот на неговата партија и коалицискиот партнер, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања пред средсбата со раководството на Стопанската комора на северозапдна Македонија.

Тој уште еднаш обвини дека на власта тендерите и се поважни од тоа што се случува во здравството.

– Власта уште еднаш покажа дека врвен приоритет ѝ се бизнисите и провизиите, а откривањето на вистината за тоа што се случуваше пред неколку недели во тетовската модуларна болница, е на дното на приоритетите. Ќе стори се да ја заобиколи вистината, мислејќи дека остане незабележана. Сега, и поради локалните избори, ова е девастирачки настан за неа. Повторно го партизираат ова прашање кое кај мене лично предизвикува чувство на згрозување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на модуларната болница, Мицкоски повтори дека беше ставена на диво, пуштена во употреба на диво и прклучена на електрично напојување на диво. Одговорноста, напомена, треба да се бара по вертикала – кој сето тоа го дозволил. Според него, сѐ е направено од страна на одговорните.

– Што правиме ние истраги, меѓународни, вакви или такви? Нема никаква потреба за тоа. Одговорноста почнува од првиот во институцијата, па надолу, затоа што нема правилник. На диво е направена модуларната болница, на диво е приклучена и на диво е пуштена во употреба и 14 луѓе живи гореа. Владата што направи? Го смени Законот за градење. На 24 ноември 2020 во Службен весник беа објавени измените со кои се заобиколија сите институции и се формира нова градба – модуларна или монтажна/демонтажна градба и вели за ваквите градби нема потреба од одобрение, туку решение за поставување. Кои документи се потребни како прилог на тоа решение за поставување или ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен министерот за здравство. Го видел ли некој то правилник и што предвидува? , рече Мицкоски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Поплава во јужниот дел од Шпанија

Следно

Поранешната девојка на Зверев пред две години се обидела да се самоубие, скандалот го заташкале луѓе на Федерер?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian