Куман не размислува за отказ: За мојот статус, ќе зборуваме со претседателот

1 min read

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не сака да го коментира својот статус и смета дека во наредните денови треба да седне на разговор со претседателот Жоан Лапорта.

Ремито со Кадиз во шестото коло само го зголеми притисокот врз Куман, а медиумите сметаат дека токму вчерашниот натпревар би мижел да биде последен за Холанѓанецот на клупата на Барселона

– Не сакам да го анализирам својот статус, сакам да зборувам за екипата и нејзината одлична посветеност и однесување. Што се однесува до мојата иднина, го видов претседателот и се поздравив со него. Веројатно во наредните денови ќе седнеме да разговараме – изјави Куман кој на натпреварот против Кадиз заработи и исклучување во судиското продолжение.

– Во оваа држава добивате исклучување и кога не правите ништо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Канада: Маж претепал медицинска сестра откако ја вакцинирала неговата сопруга

Следно

Ѓукановиќ: Западен Балкан повторно е сцена на спротивставени геополитички интереси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian