Куман ја дозна казната за црвениот картон, повеќе не се враќа на клупата на Барселона?

1 min read

Роналд Куман е суспендиран на два натпревари поради исклучувањето кое го доби на вчерашниот натпревар од шестото коло во Ла Лига против Кадиз.

Главниот судија во записникот напиша дека тренерот на Барселона е исклучен поради приговор кон четвртиот судија, кревање на раката и викање.

Холанѓанецот потоа на прес-конференцијата изјави дека во Шпанија „црвените картони се делат без причина“.

– Само го предупредив четвртиот судија дека на теренот се две топки и дека играта мора да се прекине – изјави Куман.

Куман беше исклучен во судиското продолжение, а поради казната од два натпревари, медиумите шпекулираат дека тој ја заврши својата одисеја на клупата на Барселона бидејќи претседателот Жоан Лапорта веќе донел одлука итно да го смени од функцијата.

Желбата на Лапорта е нов тренер да биде актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез кој се очекува по октомвриските квалификациски натпревари за СП 2022 година да си поднесе оставка од функцијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Специјалци ја обезбедуваат Инфективната клиника, каде се лекува осуден за „Диво насеље“

Следно

Додик бара повлекување од БиХ и носење закони за Република Српска.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian