Навивачите се свесни дека Барселона ја чека тешка и неизвесна иднина по заминувањето на Лионел Меси, но никој не очекуваше дека шпанскиот гигант ќе падне толку ниско.
Клубот тоне во долгови, претседателот Жоан Лапорта откри дека долгот изнесува 1.3 милијарди евра, спасителот Меси го нема, дел од спонзорите си заминуваат, а згора на тоа екипата игра далеку под очекувањата и можностите.
По пет натпревари во Ла Лига, Барселона има три ремија со што се зголеми притисокот врз Роналд Куман за кого се поизвесно е дека деновите на клупата на каталонскиот тим му се одбројани. Последниот кикс беше вчера на гостувањето кај Кадиз кога Барселона одигра 0:0, а навивачите се лути од прикажаната игра, екипата до последните минути не создаде ниту една шанса.
Еден од „сенаторите“ на Барселона, Жерар Пике јавно упати критики за Куман.
– Не сум тука за да се борам за второто или третото место. Тука сум за да се борам за секој трофеј. Оваа екипа има се што е потребно и горд сум на неа и уверен сум дека и покрај проблемите кои ги имаме на стартот од сезоната, дека ќе се бориме за врвот. Екипата е мотивирана, а понекогаш морате да поминете и низ вакви моменти – порача Пике.
Барселона моментно се наоѓа на седмото место со девет бода, седум помалку од лидерот на табелата Реал Мадрид, но каталонскиот тим има и натпревар помалку.
Куман не размислува за отказ: За мојот статус, ќе зборуваме со претседателот