Кандидати за градоначалници го сметаат Кодексот за фер избори за фарса и не го потпишуваат

1 min read

Александар Тортевски од Твоја партија, Горан Арсовски од Комунистичката партија и независниот кандидат Љубомир Јосифовски, одбиле да се потпишат на Кодексот за фер и демократски избори, со образложение дека е фарса да се стави потпис на нешто што веќе одамна се прекршува, објави телевизија „Телма“.

Според тројцата кандидати, церемонијата организирана во седиштето на град Скопје, е бесмислена во ситуација кога кандидатите се одамна на терен, ги злоупотребуваат социјалните мрежи и ги користат сите законски дупки за да претстават дека тоа што го прават всушност не е кампања.

Тортевски, Арсовски и Јосифовски се незадоволни и од распределбата на државните пари за партиите. Тие сметаат дека државата воопшто не треба да одвојува пари за политичките субјекти, кои треба да се финансираат исклучиво од донации. Реагираат и на, според нив, игнорантскиот однос на Државната изборна комисија кон овие злоупотреби.

Државната изборна комисија не реагира на однесувањето на повеќето кандидати, кои одамна се растрчани на терен, почнуваат и завршуваат проекти, се среќаваат со граѓани, палат свеќи во црква, посетуваат паркови и пазари и за сето тоа се фалат на Фејсбук, пишува „Телма“. Претседателот на ДИК Александар Даштевски во изјава за телевизијата вели дека имаат премногу работа, како и дека годинава прекршувањата „не биле толку страшни“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Водителки избркани среде емисија откако дознале дека се позитивни на ковид

Следно

Јунајтед и Солскјер се жалат на судењето, виновен им е Клоп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian