Градежен работник загина по пад од зграда

1 min read

На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Eмотивна балада: Боби не разнежни со новата песна „Калдрма“

Следно

„Apple“ вознемирени поради одлуката дека сите мобилни телефони во ЕУ ќе мора да имаат универзален полнач

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian