ФОТО | Линда Евангелиста деформирана: Последица од козметички третман

3 mins read

„Непрепознатлива сум“ призна супермоделот од 90-тите Линда Евангелиста преку емотивна објава на својот инстаграм-профил, објавувајќи дека останала „перманентно деформирана“ како последица од негативна реакција на третман за намалување на сало.

56-годишната легендарна супермоделка во емотивна објава на својот инстаграм профил им соопшти на своите 900 илјади следбеници зошто во последните пет години се повлекла од јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Преку текстуална фотографија Евангелиста информираше дека пред пет години се подложила на неоперативен третман за намалување на салото, но искусила редок несакан ефект кој всушност ги зголемил нејзините масни клетки.

„На сите мои фанови кои се прашуваа зошто не работев додека кариерите на моите соработнички просперира, причината е дека јас бев брутално деформирана од процедурата „CoolSculpting“ на „Zeltiq“ која го направи спротивното од тоа што го вети“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Евангелиста продолжи објаснувајќи дека третманот ги зголемил, не намалил, нејзините масни клетки, иако извела две болни, неуспешни, корективни операции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @michelina2

„Развив Парадоксална Масна Хиперплазија или ПАХ, ризик за кој не бев информирана пред да се подложам на третманите. ПАХ не само што ми го уништи живеењето, ме воведе во круг на тешка депресија, длабока тага, и најниските длабочини на себе-незадоволство. Во тој процес, станав осамена“, продолжи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spletnik (@spletnik_ru)

На крајот на постот Евангелиста информираше дека со тужбата и објавувањето на својата приказна ќе се обиде да продолжи понатаму, за да може да се ослободи себеси од својот срам и да излезе од својот дом со високо крената глава бидејќи е уморна од тоа да живее на сегашниот начин и покрај тоа што се личи повеќе на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICONSTYLE (@iconstyle_al)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Madley (@paul.madley)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Kanner (@jasonsoul1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Поранешните колешки од манекенскиот свет одговорија со искрени коментари на искреното соопштение. Синди Крафорд ја потсети дека нејзината сила и вистинска суштина секогаш ќе бидат препознатливи. Татјана Патитц ѝ се заблагодари за споделувањето кажувајќи ѝ дека засекогаш ќе остане икона, без оглед на сè. На коментарите се приклучија и глумицата Гвинет Палтроу и дизајнерите Џереми Скот и Брендон Максвел.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради Меси му се заканија со отказ на Покетино иако беше во право, повредата ги загрижи челниците на ПСЖ

Следно

Новинар на Си-Ен-Ен обвинет за сексуално злоупотребување на неговата уредничка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian