Донарума не брани во ПСЖ поради јужноамериканското лоби во кое главни се Меси и Нејмар

1 min read

Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума не е задоволен од статусот кој го има во екипата на ПСЖ, тој досега бранеше на само два меча од одиграните девет. За тоа „виновен“ е јужноамериканскиот клан.

Во тој клан е неговиот конкурент на голот, Кејлор Навас кој е добар пријател со првите ѕвезди на екипата Лионел Меси и Нејмар и поради тоа постои одреден притисок на тренерот Маурисио Покетино да му дава поголема минутажа на Навас.

Ова го тврди италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ кој исто така пишува дека Донарума воопшто не е среќен во Париз и дека сфатил оти погрешил кога потпишал за ПСЖ.

„Кориере дела Сера“ пишува дека јужноамериканскиот клан во кој клавниот збор го имаат Меси и Нејмар се и Мауро Икарди, Анхел ди Марија, Маркињос и Навас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градоначалниците кои создаваат загуби ќе мора да одговараат, а општините под принудна управа

Следно

Аларм во хрватската католичка црква: Внуците ги попишуваат бабите и дедовците како атеисти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian