Д-р Јовановска: Препорачливо е бремените жени да се вакцинираат во четвртиот месец од бременоста

1 min read

Препорачливо бремените жени да се вакцинираат во четвртиот месец од бременоста, изјави доктор Викторија Јовановска, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во денешното издание на емисијата Магазин на Сител ТВ.

– Бремените жени треба да бидат вакцинирани, само постоеше дилема околу тоа да се усогласиме на стручен колегиум заедно со нашето гинеколошко здружение, заедно со Комитетот за безбедно мајчинство, заедно со Перинатолошкото здружение, да ги усогласиме ставовите за да имаме унифициран став да не ги буниме трудниците, вели таа.

Како што вели директорката во тек на бременоста пациентките препорачливо е да бидат вакцинирани во 4 месец од бременоста, односно по 14 гестациска недела кога е започнува да се формира органогенезата, изјави д-р Јовановска.. 

Докторката вели дека нема препорака да се прекине бременоста доколку трудницата се вакцинирала во раната бременост, туку е доволно само следење на понатамошниот терк на бременоста.

– Останале бремени а биле вакцинирани во тек на рана бременост или кога планирале репродукција, значи нема препорака да се прекинува бременоста, туку напротив таа треба само да се следи и за 8 недели да се ревакцинира, додава д-р Јовановска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новершка ги укинува сите мерки, се враќа сѐ како порано

Следно

Сребрен медал и две четврти места за шахистот Гавриловски на Светскиот куп во шаховски композиции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian