„Apple“ вознемирени поради одлуката дека сите мобилни телефони во ЕУ ќе мора да имаат универзален полнач

2 mins read

Европската унија денеска објави дека ќе нареди воведување универзални полначи за мобилни телефони. Овој потег го налути Епл, кој е познат по тоа што произведува уникатни полначи. Иако најавените промени се уште не се случија, Apple веќе може да биде принуден да направи некои промени со оваа објава.

„Европските потрошувачи веќе долго време се фрустрирани од тоа што имаат некомпатибилни полначи во нивните фиоки. Ние и дадовме на индустријата повеќе од доволно време да изнајде сопствени решенија, но сега е време да воведеме законодавна акција за заеднички полначи”, рече Маргарете Вестангер

Таа додаде дека ова е важна победа за корисниците и околината, и во согласност со зелените и дигиталните аспирации.

Нова одлука во пресрет на претходните активности на Комисијата

Според Европската комисија, граѓаните на ЕУ во просек поседуваат по три полначи. Меѓутоа, дури 38% од потрошувачите изјавуваат дека не можеле да ги полнат телефоните барем еднаш, бидејќи правилниот полнач не бил при рака. Според Европската комисија, годишно се трошат околу 2,8 милијарди евра за набавка на дополнителни полначи, кои не се испорачани заедно со уредот. Европските службеници направија напори во минатото да ја принудат индустријата да ги стандардизира полначите.

Apple не е задоволен од идејата за уникатни полначи

Apple веќе реагираше на новите промени, велејќи дека е загрижен што строгите регулативи кои бараат само еден тип полначи ќе ги обесхрабрат иновациите, што на крајот ќе им наштети на потрошувачите. Сепак, на крајот, тие дипломатски додадоа дека „ќе се ангажираат со засегнатите страни, за да им помогнат да најдат решение што ги штити интересите на потрошувачите“.

Извор: Си-Ен-Ен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градежен работник загина по пад од зграда

Следно

Сончев викенд: Следните денови со значително повисоки дневни температури

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian