Анчелоти откри како го препороди Реал Мадрид

2 mins read

Реал Мадрид минатата сезона под водство на Зинедин Зидан делуваше како заспан лав, иако победуваше и го освои второто место во Ла Лига, прикажаните игри беа далеку од тоа што сакаа да го гледаат навивачите.

Но, сезонава Реал Мадрид игра како препороден, во Ла Лига досега освои 16 од можни 18 бодови, а во првото коло во Лигата на шампионите го совлада Интер со 0:1 и за тоа најголеми заслуги има новиот тренер Карло Анчелоти.

Во средата Реал ја растури Мајорка со 6:1 и тоа беше најдобра игра на „кралевите“ оваа сезона, а заслугите за фантастичните игри одат на сметка на Карло Анчелоти кој летово седна на клупата на местото на Зидан.

Токму Анчелоти пред дуелот со Виљареал во Ла Лига откри мали тајни за успехот и препородот на Реал Мадрид.

– Модерниот фудбал најголем напредок оствари на физички план, нивото на интензитет на игра е огромен. Играта стана многу повеќе вертикална. Досега највеќе работевме на офанзивниот дел од играта бидејќи токму во тој сегмент од играта екипата имаше најголем проблем минатата сезона. Успеавме да се поправиме, а што се однесува до дефанзивата, играта зависи од нашиот пресинг. Алаба е одличен кога стоиме високо, но доколку не вршиме притисок тогаш мора да стоиме ниско. Би сакале постојано да стоиме високо, на центарот, но тоа не е возможно секогаш – вели Анчелоти.

На почетокот од сезоната фантастично игра Карин Бензема кој во шеста кола во Ла Лига постигна осум гола, а има и седум асистенции.
– Бензема е како вино, како што старее станува се подобар и подобар. Карим мора да биде еден од фаворитите за „Златната топка“,  со игрите сезонава дефинитивно ја заслужи – додава Анчелоти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски се сретна со германскиот претседател Штајнмајер во Њујорк

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Драстични промени, доаѓа вистинско лето!

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian