Аларм во хрватската католичка црква: Внуците ги попишуваат бабите и дедовците како атеисти

1 min read

Хрватската католичка црква добила информации за можни манипулации при попишувањето. Тие тврдат дека младите луѓе при спроведувањето на пописот во нивните домови ги попишуваат своите баби и дедовци како атеисти, не како католици, пренесува Вечерни лист. 

Се тврди дека Црквата е загрижена бидејќи во резултатите од пописот може да има помалку католици отколку што навистина има во Хрватска.  

Според последниот попис, во Хрватска, 86,28 проценти од регистрираните се изјасниле дека се католици. 5,98 проценти од граѓаните се изјасниле како агностици, скептици и атеисти.  

Ако се споредат податоците од пописот во 2011 година со пописот од 2001 година, може да се согледа дека бројот на атеисти во Хрватска постојано расте.  

Во 2001-ва година само 1.547 лица се изјасниле за атеисти, односно неверници, а тој број се зголемил на 32.518 до 2011 година. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Донарума не брани во ПСЖ поради јужноамериканското лоби во кое главни се Меси и Нејмар

Следно

Кој е индискиот гуру Моханџи чии следбеници се Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian