Заев: И европските земји избегнуваат национална обоеност на фашизмот

1 min read

Премиерот Зоран Заев во гостување на ТВ24, во врска со бришењето на одредницата „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ од македонските учебници и споменици, вечерва изјави дека „во 21-век, не треба да се гледа на работите преку именување на нацизмот со етничка боја“.

„Ако сакате да градите пријателство и добри односи, треба да постапуваме правилно. Спомениците остануваат обележја на фашизмот и затоа се изградени. Бугарски фашистички окупатор не значи дека го девалвираме фашизмот, односно го омаловажуваме. Тоа е преголемо зло. Непријатно е да се именува целата нација како фашистичка. Во европските учебници, во духот на пријателството, се избегнува националната обоеност на фашизмот“, рече Заев.

Тој додаде дека не може да се меша во историјата или да ја смени.

„Историјата е таа и насекаде е околу нас,“ рече премиерот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парискиот суд ја потврди доживотната затворска казна за „Карлос Чакалот“, милитантот кој извврши напади низ целиот свт

Следно

ВИДЕО: Наполи и Елмас остануваат перфектни во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian