За Наоми Осака заврши сезоната

1 min read

Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека нема да настапи на претстојните турнири во Чикаго и во Индијан Велс бидејќи ќе направи „планирана пауза од тенисот“.

Последен меч кој го одигра Осака беше во третото коло на УС Опен кога загуби од Лејла Фернандез која потоа стигна и до финалето. По поразот од Фернандез, Осакла најави дека ќе земе одмор од тенисот бидејќи сака да се посвети на менталното здравје.

Претходно, Осака која стана првата тенисерка која го запали олимпискиот оган, на Игрите во Токио загуби во второто коло.

Наоми Осака која има само 23 години, досега освои седум титули, од кои четири се грен слем титули. Осака по два пати победи на Австралија опен (2019 и 2021) и УС Опен (2018 и 2020).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДУИ оставија кеси со смет пред зградата на општина Гостивар, Таравари смета дека се на погрешна адреса

Следно

Во Тирана уапсено лице кое го засолнило турскиот измамник со криптовалута, Озер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian