ВИДЕО | Заев: Тежнееме нашето општество да ги прифати во целост политиките за афирмирање и инклузија на знаковниот јазик

2 mins read

Премиерот Зоран Заев преку денеска преку видеообраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември, при што порача дека тежнееме нашето општество во целост да ги прифати политиките за афирмирање и инклузија на знаковниот јазик.

– Денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик, користен од 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик. Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици, наведува Заев во видеообраќањето.

Заев истакна дека „по нашиот пример на соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, општеството да ги применува сите можности кон нашите граѓани со оштетен слух”.

– Така создаваме пријателски средини за еднаков пристап и за вклучување на нашите сограѓани со оштетен слух во општествените и политички процеси. Во секојдневниот живот. Заедно со стручните лица и во соработка со Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица влегуваме во поддршка на стандардизација на знаковниот јазик за што повеќе познавачи на овој јазик. Системски работиме да го имплементираме стручниот кадар кој користи знаковен јазик во предучилишното образование, во градинките. Затоа што инклузијата започнува од најраната возраст, истакнува премиерот.

Заев додаде дека во јавните настапи, секаде каде што е можно се вклучуваат знаковни толкувачи.

– И отворено повикувам оваа пракса да стане секојдневие кај сите функционери и општественици. Да го направиме сите заедно пристапот до информации што подостапен за нашите сограѓани со оштетен слух, посочи премиерот во видеообраќањето.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон: Лесно е да се биде зелен, треба заедно да ја спасиме планетата

Следно

Што не треба да јадете во текот на менструацијата, големо „не“ за ова овошје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian