Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе на „Олимпико“ во Рим со 1:0 во петтото коло во Серија А.
По трите победи на стартот, Рома во минатото коло загуби од Верона, но вечерва повторно се врати на победничките патеки и се искачи на четвртото место на табелата со 12 бодови, три помалку од лидерот
Наполи и еден помалку од Интер и Милан.
Заслугите за победата одат на сметка на Тами Абрахам кој во 36. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Рома во следното коло кое се игра престојниот викенд ја очекува големо градско дерби, популарното дерби дела капитале против Лацио.