Вчеравечер на социјалната мрежа Фејсбук беше објавено видео на кое може да се види како полициска патрола гони коњ со запрежна кола, кој неконтролирано трча по автопат, во спротивна насока и сериозно го загрозува сообраќајот.
За среќа, полицијата по долгата бркотница успеала да го сопре коњот кој трчал со голема брзина по брзата лента во спротивна насока, а инцидентот завршил без нечија повреда.
Според корисниците на социјалните мрежи, инцидентот се случил на автопатот Скопје – Тетово.