„Старата дама“ блиску до важен потпис, останува една најголемите ѕвезди во Јуве

1 min read

Јувентус не ја започна најдобро сезоната во Серија А, после пет кола има само една победа со пет бодови на дури 13 позиција.

Играчите предводени од тренерот Масимилијано Алегри се во голема резултатска криза, но денеска во „морето“ на лоши вести, се појави една добра.

Како што известува добро информираниот експерт за фудбалски вести и трансфери, Фабрицио Романо на својот Твитер профил, „Старата дама“ е блиску до важен потпис во Торино.

– Јувентус е блиску до комплетирање на нов договор со Пауло Дибала. „Преговараме на правиот пат, оптимисти сме“ , потврди потпретседателот на клубот, Павел Недвед – објави Романо.

Воедно повеќекратниот италијански шампион преговара и за продолжување на соработката со Хуан Квадрадо.

ВИДЕО: Јувентус конечно победи во Серија А

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Николовски: Истрагите за модуларните болници не ги води Владата, туку задолжените институции на системот

Следно

Кафето чини само 40 денари – кој е најевтиниот град во Европа?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian