Средба на Блинкен со колегите од земјите постојани членки на СБ

1 min read

Државниот секретар Ентони Блинкен денеска се сретна со министрите за надворешни работи од земјите постојани членки на Советот за безбедност – Велика Британија, Кина, Франција и Русија. 

Како што соопштија од Стејт департментот, Блинкен ја истакнал важноста на конструктивните дејства на Советот за безбедност за оддржување на меѓународниот мир и безбедноста. 

Тој зборуваше за ситуацијата во Авганистан и повика на координација на дејствата за избегнување на надоаѓачката хуманитарна криза и спречување на економски колапс. Тој истакна дека постојат општи очекувања за инклузивна и репрезентативна влада. 

Блинкен ги повика постојаните членки на Советот за безбедност да заземат единствена позиција за Авганистан, да побараат од Талибан да ги исполнува своите обврски и да соработува во има на обезбедување хуманитарен пристап, почитување на хуманитарните принципи и располагање на средства за задоволување на хумантираните потреби на населението на Авганистан. 

Зборувајќи за Иран, државниот секретар ја потврди намерата на САД да бараат патека за конструктивна дипломатија за постигање заемно враќање кон почитувањето на Заедничкиот продлабочен план за акција за решавање на низа проблеми поврзани со Иран.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовската полиција негира дека нејзините припадници претепале тројца Срби

Следно

Според ЕУ нема никаков „нон-пејпер“ за прекројување на границите на Балканот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian