Социјалдемократите победија во Норвешка, сега разговараат со можните коалициски партнери

1 min read

Норвешките социјалдемократи почнаа информативни разговори со нивните двајца најпосакувани коалициски партнери по победата на изборите, пренесува Ројтерс.

Лидерите на Лабуристичката партија (АП), Партијата на центарот (СП) и Социјалистичката левичарска партија (СВ) се состанаа денеска во хотел северно од Осло за да разговараат за можна идна владина соработка во левоцентристичкиот сојуз.

„Имам добри очекувања добро да го искористам времето и да стигнам до вистинската точка“ изјави лидерот АП, Јонас Гар Стор, при пристигнувањето во хотелот.

Тој најверојатно ќе стане следниот шеф на владата на Норвешка откако скандинавската земја која не е членка на ЕУ, осум години беше управувана од конзервативката Ерна Солберг.

„Добивме многу јасен мандат од гласачите и има промена на власта“ рече Стор.

Трите партии заедно освоија 89 од 169 места во норвешкиот Парламент на изборите на 13 септември. Тоа ќе им даде удобно парламентарно мнозинство за владина коалиција, потсетува ДПА.

Сепак, разговорите нема да бидат лесни: Партијата на Центарот, која првенствено е посветена на интересите на населението во рурална Норвешка, има различни ставови за многу политички прашања од Социјалистичката левица, која е силно посветена на климатските прашања.

Сепак, трите партии веќе ја формираа норвешката влада од 2005 до 2013 година, во тоа време под премиерот Јенс Столтенберг, кој сега е генерален секретар на НАТО.

Норвешката премиерка го призна поразот на парламентарните избори

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Управувал со тротинет и паднал на коловоз: Скопјанец се здобил со тешки повреди

Следно

Истражување: Охрид, Василево и Кочани најтранспарентни општини, Пласница најзатворена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian