Разговор со Александар Тодоровски, победник на Макфест 2021: Кога ме повикаа на сцената помислив дека ја добив наградата за дебитант!

2 mins read

Александар Тодоровски годинава првпат настапи на фестивалската сцена на „Мафкест“, но успеја да ја освои и публиката и жирито и на крајот да заврши на врвот на табелата. Победата ќе му отвори многу врати во светот на музиката, а еден негов сон, како што рече, веќе е остварен.

Фото: Приватна архива

Александар Тодороски е победник на 36. издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“. „Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро.  Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

Како се чувствуваш после победата на Макфест?

– Чувството е неописливо со зборови. Посакувам секој да може да искуси таков посебен момент во животот.

Очекуваше ли дека ќе се пласираш во финалната вечер, па потоа да ја однесеш победата?

– Не, ни на сон. Немав големи очекувања за да немам поголеми разочарувања.

Како се чувствуваше кога те прогласија за победник? Што прво си помисли?

– Едноставно не ми се веруваше, се исклучив на неколку минути зашто кога ме повикаа зад сцената помислив дека ја добив наградата за дебитант, но не беше така.

Како реши да се пријавиш и да настапуваш на Макфест?

– Желбата за Макфест беше присутна сигурно 3-4 години наназад, но не брзав, сакав да соберам искуство и храброст за да излезам на сцена барем во едно задоволително светло. Со Ристо Самарџиев се запознавме на еден заеднички настап во живо, и од таа случка почна проектот „Под исто небо“.

Колку време си во музичките води?

– Во музичките води сум од мал. Кај мене се знаеше цело време, музика и само музика. Завршив нижо музичко, потоа средно музичко (класична гитара) и Академија исто така на класична гитара…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк. 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Регион: Расте бројката на заразени и починати

Следно

Португалија од 1 октомври ги укинува скоро сите ограничувања поврзани со коронавирусот

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian