Продолжува војната на зборови помеѓу Ферстапен и Хамилтон

4 mins read

Блиската средба, односно судирот во Монца ги вжешти односите помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

По пауза од две недели наредниот викенд продолжуваат возбудувањата во Формула 1 шампионатот со трката за Големата награда на Русија која ќе се вози во Сочи, а пред тркачкиот викенд повторно војна на зборови помеѓу главните конкуренти за титулата, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

На трката во Монца дојде до судир меѓу фаворитите за титулата/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

На последната трка во Монца дојде до судир помеѓу двајцата возачи, а Хамилтон по инцидентот изјави дека можел да загине и дека имал болки во вратот.

– Не, не реков дека речиси умрев, но јасно е дека доколку болидот ви слета на глава тогаш не е добр. Тука станува збор за милисекунди во кои може се може поинаку да се заврши, така што сум благодарени што добро поминав. Вратот ме болеше и посетував доктор – изјави Хамилтон.

По инцидентот во Монца, Ферстапен откако излезе од својот болид, помина покрај Хамилтон и притоа не провери дали се е во ред со него поради што возачот на Ред Бул се најде на удар на јавноста.

– Мислам дека луѓето малку претеруваат. Погледнав кон него и видов дека уфрли во рикверц и дека се обидува да го извлече својот болид, а тоа не го правиш доколку не си во ред. Освен тоа, еден или два дена подоцна леташе на гала вечера во Њујорк, така што мислам дека се е во ред со него – изјави Ферстапен.

Според возачот на Мерцедес и актуелен шампион, трката за титулата за Ферстапен претставува голем притисок.
– Знам какво е чувството и како притисок го носи сево ова. Знам дека тој нема да признаме и јас нема да кажам дека така се чувствува, но добро се сеќавам како ми беше мене првиот пат кога бев блиску до титулата. Тешко е, напорно е и постојано ви се мешаат емоциите и јас не се снајдов најдобро, што е разбирливо. Притисокот е голем доколку возите за голема екипа, очекувањата се огромни, а и самите од себе очекувате многу. Долго сум во овој спорт и знам да се носам со сето тоа, но на почетокот ми беше тешко – рече Хамилтон.

На Ферстапен не му требаше долго за да одговори и тоа иронично.
– Ужас, целиот се тресам и не можам да спијам. Грозно е да се борите за титулата светски шампион, го мразам тоа – порача Ферстапен и додаде:

– Тие негови коментари покажуваат дека воопшто не ме познава инаку би знаел дека сум максимално опуштен и тешко може да се изнервирам. Одлично се чувствувам и имам можност да возам во најдобриот болид и секој виденд да се борам за титулата. Не ме познава, тоа е ОК бидејќи не морам ниту јас да него. Фокусиран сум само на себе си и мило ми е што борбата за титулата е неизвесна и се надевам дека така ќе биде и во иднина .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нуредини во ДУИ дојде со службено возило да промовира зелена агенда: Ако треба ќе одам пеш

Следно

Турбулентниот живот на најубавата Италијанка: Колку машки срца скршила Софија Лорен?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian