Приведена скопјанка која крадела во Гази Баба, расчистени шест кривични дела

1 min read

Полициски службеници од ЕВР – Гази Баба ја лишија од слобода Б.А. (35) од Скопје за сторени повеќе кривични дела „измама”, „дрска кражба” и „кражба” на подрачјето на Гази Баба.

Министерството за внатрешни работи информира дека по судска наредба е извршен претрес во домот на Б.А., при што е пронајдена облеката што ја носела за време на извршување на кривичните дела.

Од МВР додаваат дека во присуство на јавен обвинител извршено е препознавање од оштетените и расчистени се шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.

По целосно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ле Мер: Европа мора да ги отвори очите, ЕУ веќе не може да смета на САД

Следно

Проблеми за Милевски, без Адеми против Лихтенштајн и Германија!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian