Победничкиот менталитет на Тухел: Нема калкулации, сакаме да освоиме сè

1 min read

Менаџерот на Челси, Томас Тухел најави дека тој и неговите фудбалери нема да калкулираат во ниту едно натпреварување.

„Сините“ вчера обезбедија пласман во осминафиналето на Лига купот по победата над Астон Вила со 5:4 по подобро изведување пенали откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1.

– Премиер лигата или Лигата на шампионите немаат предност пред другите натпреварувања. Сакаме да создадеме победнички менталитет – вели Тухел.

Челси моменто се наоѓа на делба на лидерската позиција во Премиер лигата со Манчестер јунајтед и Ливерпул, а на титула чека од 2017 година.

– Освоените трофеи од минатата сезона не влијаат на тоа што сакаме да освоиме во оваа сезона. Ние сакаме да освоиме сè и да бидеме конкурентни во секој поглед на секој натпревар. Излегуваме на терен за да победиме во секое натпреварување. Во англиските ФА и Лига Куп сакаме да дојдеме до крајот, до Вембли, и тука нема калкулации – додава Тухел.
Следен противник на Челси во Лига купот ќе му биде Саутемптон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џафери не ја прифаќа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за Анкетна комисија се враќа како неуреден

Следно

Последниот филм на Ли Ајзак Чунг прикажан на „Синедејс“: „Минари“ е филм за човек кој го бара своето место под сонцето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian