Нуредини во ДУИ дојде со службено возило да промовира зелена агенда: Ако треба ќе одам пеш

1 min read

Денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини во седиштето на ДУИ пристигна со службено возило за да промовира дел од зелената агенда. На прашањето дали злоупотребува државни ресурси за промовирање партиска кампања, тој одговори дека бил службено во Чаир и ако треба ќе оди пеш до работа, објави ТВ 21.

-Не верувам, но доколку е така се извинувам, бидејќи службено бев во Чаир и сега ќе продолжам со работа. И пеш ќе одам ако има потреба, одговори тој.

Претходно Владата донесе одлука со која се уредува користењето службени возила.

-Со оваа одлука секој функционер кој ќе злоупотреби службено возило за приватни цели, ќе се соочи со казна. На тој начин ќе се елиминираат потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели, рече Николовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалија од 1 октомври ги укинува скоро сите ограничувања поврзани со коронавирусот

Следно

Продолжува војната на зборови помеѓу Ферстапен и Хамилтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian