Милош Биковиќ откри: Имам некоја грда вистина за себе

3 mins read

Милош Биковиќ откри дека потекнува од семејство со невообичаена структура: неговите родители се венчале и разведувале два пати, а тој и неговиот брат се родени во различни бракови.

Родителите на успешниот глумец се венчале и разведувале два пати, бидејќи како што вели тој, се сакале но не можеле да издржат да бидат заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Како што самиот ќе каже, се затекнал во таква ситуација уште кога се родил, кога неговите родители веќе биле разведени по втор пат.

„Мислам, нивна некоја желба и потреба, тие навистина се сакале, но не можеле еден со друг. Тоа е некоја лекција за мене, дека човек треба да научи да постои заедно со таа личност која ја сака, дека тоа е проект, дека тоа е работа на тоа, тоа е одрекување“

На тоа Милош додава дека човек мора да се откаже од дел од себеси за да би можел да создаде простор за другата личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Тој откри и интересен податок дека тој и неговиот 16 години постар брат, кој е игумен во манастир, се всушност родени во различни бракови.

милош биковиќ
Фото: Принтскрин / Instagram

Вистината за влијанието и својата природа Биковиќ ја сфатил кога се запишал на факултет и педагог ги прашал зошто се одлучиле да се занимаваат со таа професија. Откако сфатил дека тоа грдо звучи се одлучил да се обиде да се фати за нешто друго, па го променил тонот на одговорот и го пренасочил кон игра.

„Јас сфатив дека, ако сега ја кажам вистината, ќе звучи инфантилно. Вистина е, сакам да бидам центар на вниманието, да ме гледаат и јас да контролирам што чувствувате, да бидам некој друг, да се чувствувам како дека ми е напумпано егото и така натаму. Сфатив дека ова звучи многу грдо, штета што е вистина. Морам да ја променам таа вистина. Имам некоја грда вистина за себе и морам да ја променам, мора да го променам односот кон тоа и кон себе“

милош биковиќ
Фото: Принтскрин / Instagram

Биковиќ е еден од најпознатите глумци од Балканот на новата генерација, а својата кариера успешно ја гради и надградува во Србија, и пред сè Русија, каде веќе има снимено 12 филмови и десет сезони од разни серии. Во моментов е активно ангажиран на новиот филм на легендарниот режисер Слободан Шијан, кој ги режираше филмовите „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и „Кој тоа таму пее“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Тирана уапсено лице кое го засолнило турскиот измамник со криптовалута, Озер

Следно

Разбеснета група нападнале човек, а потоа и полицајците кои интевенирале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian