МЕТЕО НА УТРИНСКИ БРИФИНГ: Славчо најавува сончево, но свежо време, на Шапка има снег

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност и со умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Претпладнево локално се уште ќе има нешто повеќе облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Во Скопје и околината претпладнево се уште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намали и времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени. Потоа од утре, па за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе ја намали својата брзина, додека температурите ќе бележат тенденција на брз пораст и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, и за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. Сепак наутро ќе биде особено студено, особено до сабота кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен. И во Скопскиот регион од утре, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на брз пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени, додека наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вашингтон и Брисел, но не и ЕУ, се во „студена војна“ со Русија и Кина

Следно

Кривокапиќ: Ќе вакцинираме 70 проценти од населението до септември 2022 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian