Кина испрати 24 борбени авиони во Тајван

1 min read

Кина испрати 24 борбени авиони во Тајван, откако властите на тој остров објавија дека имаат намера да се приклучат на трговската група на пацифичките земји, на која Пекинг исто така поднесе барање за членство.

Кинеската армија испрати борбени авиони на Тајван двапати, 19 авиони полетаа наутро, а уште пет попладне.

Тајванското министерство за одбрана соопшти дека ги следи кинеските авиони користејќи систем за противвоздушна одбрана.

Минатата година Кина испраќаше борбени авиони во Тајван речиси секој ден.

Кина и Тајван се во конфликт од 1949 година, кога националистите се засолнаа на островот, поразени во граѓанската војна во Кина.

Пекинг се уште го смета Тајван за дел од својата територија и се противи на нејзиното членство во меѓународни организации.

Тајван објави дека поднел барање за приклучување кон Сеопфатен и прогресивен транс-пацифички договор за партнерство, со што се отвори уште еден спор со Пекинг.

Извор: ctvnews

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца Турци се степале во Карпош

Следно

Пендаровски во ОН: Северна Македонија покажа способност да решава сложени прашања како што е „спорот за името“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian