ФОТО | Разговор со Олгица Ѓоргиева: По успехот, сама на себе си реков благодарам!

2 mins read

Креативноста нема граници, може да има само предизвици, вели модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева за „еспресо“.

Фото: Приватна архива

Во последно време си на релација Словенија, Австрија, Македонија, сè почести се твоите соработки со европските земји, задоволна ли си од досегашното постигнато во модната индустрија?

– Уживам и ми е интересен целиот процес како се развивам јас како уметник. Благодарна сум за сите искуства кои се најдоа, ќе се најдат или се на мојот животен и уметнички пат. Мојата официјална професија е моден дизајнер и тоа ќе си остане како паралелен пат со мојот живот. Тоа е работата во која што уживам и би сакала да ја негувам и зачувам засекогаш. Но уметноста нема граници и сè што денес се случува на мојот професионален-уметнички пат јас на тоа гледам како надоградување на мене како професионалец. Дефинитивно ме прави побогата за различни животни, професионални и уметнички искуства. Во колку повеќе искуства се втурнете толку повеќе ќе се осознаете себеси и својата вредност.

Како се втурна во театарот, односно во костимографија?

– Пред 3 години ми беше понудено да работам костимографија за балетска претстава „Електра“, во Грција. Тоа беше моето прво театарско искуство, во кое се покажав во одлично светло. Претставата помина одлично, а јас ги добив сите пофални зборови за костимите. Благодарение на добро завршената работа следуваше понудата за костимографија за балетската претстава „Амадеус“ во Австрија. Тоа беше претстава која „шеташе“ низ повеќе земји (Австрија, Германија, Унгарија, Италија, Хрватска, Србија). После оваа претстава следуваше покана за работа на балетска претстава „Ајде на валцер” со Словенската опера и балет.

Дали коронакризата ти откажа проекти кои си ги планирала?

– И покрај тоа што сите сме на некој начин погодени од новонастанатата состојба со короната, особено модниот бизнис, јас никогаш не сум била песимист по природа, па така ја прифатив и оваа животна ситуација…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк. 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

РК Вардар: Рокот е продолжен, нова можност да купите сезонски билет

Следно

Драма во Русија: Дознал дека најдобриот другар ја силувал ќерка му, па го натерал сам да се закопа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian