Филипче: Се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60 годишна возраст

1 min read

Надмината е бројката е од 700 000 граѓани кои се вакцинирани. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

– Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, 50 000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника како и на интерните клиники. Нови препораки, се препорачува трета доза на вакцина за граѓани над 60 годишна возраст и кај здравствени работници без разлика на возраста како и за хроничните болни без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.

Исто така, се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 000 дози од производителот „Џонсон“.

Како што информира министерот, во најголем број училишта ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови, но за тоа не може да каже повеќе детали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Русија: Дознал дека најдобриот другар ја силувал ќерка му, па го натерал сам да се закопа

Следно

Арсенал – Лидс е најинтересната осминафинална двојка во Лига купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian