ЕМА: Станува јасно дека трета доза помага за лица со слаб имунитет

2 mins read

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска го одржа својот редовен брифинг за новинари и потврди дека на почетокот на октомври ќе излезе со дефинитивен став за потребата од трета доза вакцина против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Докторот Марко Кавалери попладнево изјави врвен приоритет за ЕМА останува што повеќе луѓе да бидат целосно вакцинирани, но дека се следат научните анализи за таканаречената „бустер доза”.

-Доказите стануваат појасни дека лицата со компромитиран или силно ослабен имунитет ќе имаат потреба од дополнителна доза, рече Кавалери, објаснувајќи дека голем дел од имунокомпромитираните пациенти не е одговараат доволно ефикасно на првите две дози, и дека трета доза на мРНК вакцина може да го зајакне имуниот систем.

ЕМА заедно со Центарот за контрола на болести сега ги евалуираат податоците за бустер дозата, според студиите имунитетот од првите две дози се намалува во различни делови од светот, посебно кај најстарите лица и се очекува земјите членки во пресрет на зимата да сакаат да го обезбедат имунитетот на населението.

Останува отворено прашањето за достапноста на вакцината за сиромашните земји каде многу мал број на населението е вакцинирано и дали трета доза е потребна во богатите земји во недостаток на вакцини во светот.

-Како регулаторите го отворивме прашањето да не се брза со бустер дозата ако нема јасни индикации, ригорозно ќе го следиме патот на научните докази без притисок од било кои групи на влијание, разбираме дека некои земји ја разгледуваат опцијата за бустер доза и затоа ќе излеземе со став на почетокот на октомври, рече Кавалери

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разбеснета група нападнале човек, а потоа и полицајците кои интевенирале

Следно

Џафери не ја прифаќа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за Анкетна комисија се враќа како неуреден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian