Тимови од Секторот за борба против економскиот криминал при Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во една стара спортска сала на училиштето во Пазарџик пронашле инсталација за дестилација на ракија, пренесува Будна Варна.
Во соседната зграда тие пронашле и 230 литри алкохол без никакви ознаки. По претресот во училиштето, полицијата извршила претрес и во куќа во која живеел 65-годишен маж, каде полиција пронашла уште 120 литри ракија.
Училиштето демантира
Раководството на училиштето соопшти дека инсталацијата е за едукативни цели и дека користат по предметот хемија.
Но, тие сепак немаа објаснување за фактот дека 230 литри ракија без никаква ознака беа пронајдени во просторија до дестилеријата.