Атанасоски за СП: Наместо бугарски фашистички окупатор може да стои Фашистичка Бугарија

2 mins read

Историчарот и аналитичар Благојче Атанасоски смета дека потегот на премиерот Зоран Заев во учебниците по историја повеќе да не пишува бугарски фашистички окупатор туку само фашистички окупатор е гест на добра волја што од бугарската страна ќе биде протолкувана како „признавање на вистината“.

– А вистината е една: колку и траорно и непријатно да звучи, државата Бугарија во Втората светска војна била на страната на нацистичка Германија и фашистичка Италија, т.е во оската која ја нападнала и окупирала скоро цела Европа. Бугарите не треба да имаат срам од тоа свое минато, напротив, треба да се издигнат над него и да ја прифатат историската вина, како што сторија своевремено Германците. Насекаде во светските историски учебници пишува кои земји се окупаторски, а кои се бореле против нив за да си ги ослободат своите земји и нонсенс е за тоа да се дебатира и ревидира. Единствено може да се направи прецизно утврдување и наместо бугарскиот фашистички окупатор да стои Фашистичка Бугарија, како што пишуваме Нацистичка Германија, за да дадеме појаснување дека станува збор за одреден временски историски период во кој тие држави т.е нивните државници донеле погрешни геостратешки одлуки со кои ја предизвикале најголемата катастрофа во историјата на човештвото дотогаш. Како и да е, и овој „гест на добра воља“ од страна на Бугарите нема да биде протолкуван како чекор напред – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

Тој додава дека Бугарите од нас бараат нешто сосема друго, а тоа е ние да прифатиме и да признаеме дека сите револуционери, преродбеници, писатели и интелектуалеци се сметале себеси за етнички Бугари до 1945 година, а потоа со акт на Коминтерната или со одлука на Тито, преку ноќ, „исконската бугарска земја Македонија се македонизирала, а во суштина се србојугословенизирала“.

– Тој ултиматум го бараат Бугарите, а тоа ни во најголемото лудило нема како да стане – вели Атанасоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тесна трка за следен премиер на Јапонија

Следно

Се очекува спектакл, во Белград доаѓа „Железниот“ Мајк Тајсон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian