Арсенал – Лидс е најинтересната осминафинална двојка во Лига купот

1 min read

Во средата завршија сите натпревари од третата рунда во англискиот Лига куп каде што најголемото изненадување го направи Вест Хем кој го елиминираше Манчестер јунајтед.

Популарните „чекани“ предводени од менаџерот со голот на Ланцини триумфираа на стадионот „Олд Трафорд“ против составот на Оле Гунар Солскјер.

За пласман во четвртфиналето Вест Хем ќе игра против Манчестер сити (бранител на титулата) кој ја оправда фаворитската улога против Викомб Вондерерс (6:1).

Лига куп 2021/22

Осминафинале, двојки –

Челси – Саутемптон
Арсенал – Лидс
КПР – Сандерленд
Стоук сити – Брентфорд
Вест Хем – Манчестер сити
Лестер – Брајтон
Барнли – Тотенхем
Престон Норт Енд – Ливерпул

Осминафиналните мечеви се закажани за следниот месец, поточно на 26 и 27 октомври 2021 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Се препорачува трета доза вакцина за граѓани над 60 годишна возраст

Следно

Почина Ненад Ненадовиќ: Актерот ја изгуби битката со коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian