ВИДЕО: Јувентус конечно победи во Серија А

1 min read

Фудбалерите на Јувентус дури во петтото коло ја забележаа првата победа сезоната во Серија А. „Старата дама“ славеше на гостувањето кај Специја со 2:3.

Резултатот го отвори Моизе Кин во 29. минута, но првото полувреме заврши нерешено 1:1. За тоа се погрижи Емануел Гуаси во 33 минута.

На стартот од вториот дел, фудбалерите на Јувентус доживеаја нов шок, Јанис Антист во 49 минута и носи предност од 2:1 на Специја.

Сепак, Јувентус успеа да направи пресврт со головите на Федерико Киеза во 66 и на Матијс де Лихт во 72 минута и да дојде до првиот триумф сезонава.
Со победата Јувентус скокна на 12. место на табелата со пет бодови, дури осум помалку од лидерот Интер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ученици-Албанци од Идризово ќе следат настава на македонски јазик

Следно

Вучиќ останува на ставот дека нема разговор со Приштина, додека не се тргнат вооружените сили

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian