ВИДЕО: Супер Марио му се одмазди на тренерот кој го нарече Балотели „без мозок“

2 mins read

Во вторникот во рамките од шестото коло на најсилната турска лига во Истанбул ремизираа екипите на Бешикташ и Адана Демирспор.

За Адана Демирспор настапува Марио Балотели кој повторно се најде во центарот на вниманието.

Овој меч заврши нерешено (3:3), а Италијанецот кој влезе во игра од 67 минута, при негатива од 3:1, намали во 79 минута.

Веднаш по постигнувањето на голот, поранешниот играч на Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул се сврте кон тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин, покажувајќи со двете раце кон главата.

Балотели не го заборава моментот кога во 2013 година токму Јалчин го нарече тогаш фудбалерот „без мозок“ после ужасниот потег пред осум години во дресот на Манчестер сити против ЛА Галакси.

„Супер Марио“ и натаму гледаше кон Јалчин, а овој не можеше да ги поднесе провокациите и сакаше да влезе во физичка пресметка со Италијанецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Следно

Курти нема да преземе мерки против Ракиќ, ги повика луѓето да ги предадат српските таблички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian