Во Србија денеска на планините повисоки од 1.500 метри надморска височина падна првиот снег.
На некои планини во Србија денеска падна првиот снег, а некаде се формираше помала снежна покривка.
На Инстаграм профилот ИнфоКОП беше објавено видео од првиот снег што дува на Копаоник, каде што температурата денеска беше минус 2 степени.
View this post on Instagram
Снег има и на Стара Планина, јавуваат белградските медиуми. Се очекува врнежите да престанат во вечерните часови.
Метеоролозите во Србија претходно најавија можни врнежи од снег на надморска височина над 1.800 метри надморска височина.