ВИДЕО: Австралиски водители во живо за време на земјотресот во Мелбурн

1 min read

Австралиската водителка и новинарка Грејс Еванс имаше прилично непријатно искуство додека известуваше за силниот земјотрес што ја погоди областа во близина на Мелбурн.

Во моментот кога го изговараше зборот земјотрес, струјата се прекина во студиото.

“О Боже! Се иплашив, ова е вистинска апокалипса. Не можам, ќе плачам”, беше се што успеа да каже видно потресената водителка.

Подоцна, таа на Твитер ја раскажа ситуацијата и го објави видеото.

“Можам да потврдам дека мислев дека апокалипсата пристигна токму во тој момент. Струјата се исклучи исто како што го велев зборот земјотрес. Годината 2021-ва година е „премногу”, рече таа.

Моментот кога Мелбурн беше погоден од земјотресот беше снимен и на Еј-Би-Си, каде водителот во студиото и неговиот гостин беа изненадени додека траеше земјотресот.

ФОТО+ВИДЕО | Земјотрес со јачина од шест степени го погоди Мелбурн

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Mоќни антиоксиданти за подобар имунитет

Следно

Нуредини: Заштитата на Охридското Езеро е можна само со заедничко и координирано делување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian