Вардар 1961 денеска против Мешков ја брка првата победа во ЛШ

1 min read

Нема многу одмор за играчите на Вардар 1961, денеска ќе го играат вториот натпревар во Лигата на шампионите, прв пред домашната публика.

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје гостува Брест Мешков од Белорусија, меч на кој и двете екипи ќе се обидат да стигнат до првата победа сезонава.

Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ на прес конференцијата изјави дека Вардар без навивачи не е Вардар.

Па така, се очекува тимот да ја има поддршката од трибините, а тоа го најавија и верните „Комити“.

– Треба да се надминене во дуелот со Мешков кој од година во година оди напред. Немаа скок како Вардар кој ја освои ЛШ, но се сигурен клуб, имаат добри играчи иако сè се врти околу Скубе – рече Вујовиќ.

лабост на Мешков се повредените ракометари, но тие имаат на сите позиции по двајца играчи.

Лига на шампиони 2021/22

Група „А“, 2. коло

Денеска –

18.45 часот Пик Сегед – ППД Загреб
18.45 часот Алборг – Монпеље
20.45 часот Вардар 1961 – Мешков Брест
20.45 часот Кил – Елверум

Табела: Алборг 2 бодови, Кил 2, Пик Сегед 1, Монпеље 1, Вардар 1, Елверум 1, Мешков Брест 0, ППД Загреб 0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Навивачи и спортисти во еко-акција за чистење на река Пена од отпадоци

Следно

Борел синоќа организирал вечера за лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian