Вакцина против ковид-19 вчера примиле 12 099 граѓани, ревакцинирани 697 847

1 min read

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776 659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12 099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 474 507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697 847 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

– Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведуваат од Министерството.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините, посочуваат од Министерството, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, се вели во соопштението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џае-ин: Разговорите на Северна Кореја и САД мора итно да продолжат

Следно

Откако дербито во БиХ беше прекинато, запален автомобилот во кој беше судијата на мечот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian