Сопругата на Ердоган трпи критики откако се откри дека носи рачен часовник од 30.000 евра

1 min read

Турската прва дама, Емине Ердоган, е на мета на критики во земјата, откако фотографија со која се промовира нејзината книга „Моите патувања во Африка“, откри дека поседува скапоцен часовник, наводно вреден најмалку 30.000 евра, јавуваат локалните медиуми.

Според заменик-претседателот на опозициската Добра партија (ИЈИ), Ахмет Ерозан, часовникот со кој е фотографирана сопругата на турскиот претседател е од луксузната марка „Шопар“, и тоа дел од линијата „Happy Diamonds“, со основна цена од 30.000 евра.

Ерозан, кој е пратеник во турскиот Парламент, вели дека посебно е иронично тоа што Емине Ердоган го носела часовникот за време на посетата не Етиопија, една од најсиромашните африкански земји.

„Моите патувања во Африка“, новата книга на Емине Ердоган / фото: Агенција Анадолија

„Ако нејзиниот рачен часовник не е лажен, неговата цена почнува со 30.000 евра“, напиша тој на Твитер.

Ова не е првпат Емине Ердоган да биде критикувана поради поседување луксузни предмети, кои се спротивни на нејзиниот официјален имиџ на скромна жена која живее строго според муслиманските вредности.

Во 2019 година, таа беше во центарот на вниманието со сличен случај, кога беше фотографирана со чанта „Хермес“ вредна 50.000 долари, за време на посетата на Јапонија. Медиумите тогаш пишуваа дека цената на чантата е еднаква на годишна минимална плата за 11 луѓе во Турција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мец ги намачи „светците“, ПСЖ во судиското продолжение дојде до победата

Следно

Вујовиќ: Атмосферата на трибините ни помогна во победата, го „измислив“ Дибиров на среден бек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian